Услови и правила за враќање

Потрошувачот има право да го врати нарачаниот/купениот производ согласно тука наведените услови и правила.

Секој корисник е должен при превземање на производот/ите, да ги провери заради евентуални оштетувања при транспорт, а доколку се работи за повеќе производи, да провери дали некој производ недостасува. Доколку доставениот производ е оштетен или одреден производ недостасува од нарачката, Потрошувачот е должен веднаш да не информира на броевите за Подршка на корисници или на електронската адреса, заради замена на оштетениот производ/и или достава на производите кои недостасуваат, во спротивно го губи правото подоцна да истакне рекламација за доставениот производ. Во овој случај, трошоците за замена на производот нема да бидат на товар на Потрошувачот. Целиот процес на враќање или заменување не се заврши во период од 7 дена исто така Потрошувачот го губи правото на рекламација.

Потрошувачот има период од 4 часови по превземањето на пратката од курир сервисот да го раскине договор без образложение на причината и единствениот трошок кој се плаќа од купувачот е директниот трошок за враќање на производот. Во ваков случај на Потрошувачот ќе му бидат вратени средствата во рок од максимум 30 дена на сметката од која било извршено плаќањето, намалени за износот на банкарската провизија.

Процедурата која треба да се вратат производите е следна:

• Потрошувачот треба своерачно да креира сметка на нашата продажна веб страна.

• Потврдување на веродостојноста на вметнатите информации.

• Најава на Потрошувачката сметка.

• Потполнување на сите полиња во пределот на Пријави заклучно со приложување на фотографија.

НАПОМЕНА: Сите полиња се обврзувачки да се пополнат.

1. Доколку Потрошувачот ја откаже својата нарачка по добивањето на известувањето за потврда на нарачката, а пред да се изврши достава на нарачаните производи, на Потрошувачот ќе му бидат вратени средствата во рок од максимум 30 дена на сметката од која било извршено плаќањето, намалени за износот на банкарската провизија.

2. Во случај на неиспорака на потврдена и платена нарачка од причини кои можат да се стават на товар на Потрошувачот (неточна/нецелосна адреса, неточен телефонски број за контакт), се обврзуваме да ги вратиме средства во рок од максимум 30 дена, од денот на утврдување на неможноста за испорака, намален за износот на банкарската провизија, а доколку бил направен обид за достава намален и за трошоците за доставата.

3. Доколку Потрошувачот направи нарачка телефонски преку нашиот контакт центар или на некоја социјална мрежа исто така автоматски ги прифаќа правилата на користење/враќање кои се наведени на нашиот веб сајт (процедура за враќање).

Грифинс ДООЕЛ Прилеп го задржува правото на измена и дополнување на Условите и правилата за враќање, без обврска за претходно известување на корисниците за евентуалните промени.

ПОТРОШУВАЧОТ Е ЗАПОЗНАЕН И СОГЛАСЕН СО УСЛОВИТЕ И ПРАВИЛАТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ИНТЕРНЕТ СТРАНАТА, И СЕ ОБВРЗУВА ДА ГИ ПОЧИТУВА ВО ЦЕЛОСТ.

Your Cart

Cart is Empty
Updating Cart!