Услови и правила на купување

Цената на производите објавени на интернет страната се изразени во Македонски денари и се со вклучен ДДВ и нема никакви скриени трошоци.

Го задржуваме правото за промена на објавените цени, во согласност со политиката на друштвото, без претходно известување за корисниците. Промените на цените ќе важат за сите нарачки направени по стапувањето во сила на новите цени.

Сите потврдени нарачки пред стапувањето во сила на новите цени ќе се извршат според цените кои биле во важност во времето кога се направени нарачките. Потрошувачот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на нарачката.

Сите попусти, промоции и специјални промотивни пакет производи ке бидат посебно означени како посебни понуди. Количините на производите се ограничени. Грифинс ДООЕЛ Прилеп го задржува правото да одбие нарачка на производи чии количини се исцрпени и/или да ја одложи доставата на производи чии количини се исцрпени по претходна добиена согласност од страна на Потрошувачот.

Потрошувачот може да избере еден или повеќе производи, како и пакет на производи објавени на интернет страната.

Потрошувачот може да ја откаже, дополни или корегира нарачката во било кое време, пред да го реализира плаќањето.

При евентуални технички проблеми со интернет страната, Грифинс ДООЕЛ Прилеп има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување, и не сме обврзани да извршиме никакво обесштетување, освен враќање на уплатените средства од страна на Потрошувачот.

Вашата кошничка

Cart is Empty
Updating Cart!